Како можеме да ви помогнеме?

Поврзување на постоечки домен

Last updated on September 30, 2025

Важно: За да поврзете постоечки домен, мора претходно да имате купено домен кај овластен регистратор. Исто така, мора да имате пристап до DNS записите за доменот и да знаете како да правите промени во нив. Ако не се чувствувате комфорно со менување на DNS записи, препорачуваме да се консултирате со вашиот веб-девелопер или IT експерт.
Алтернативно, можете да ја користите поедноставената опција „Поврзи нов домен“, каде ќе купите нов домен и автоматски ќе го поврзете со вашиот профил.

 

Чекори за поврзување на постоечки домен

 

  1. Отворете Settings → Custom Domains
    Во контролниот панел, одете во табот Settings, скролајте до делот Custom Domains и кликнете на копчето Connect Existing Domain.

  2. Внесете го доменот
    Внесете го доменот што сакате да го поврзете и притиснете Next. Мора да сте сопственик на доменот и да имате пристап до неговите DNS записи.

  3. Потврда
    Ако доменот е валиден, ќе добиете потврда. Притиснете Okay.

  4. Root домен и поддомени

    • Ако поврзувате root домен (пример: example.com), системот автоматски ќе додаде 2 записи: еден за example.com и еден за www.example.com.

    • Ако поврзувате поддомен (пример: links.example.com), ќе треба да конфигурирате само еден запис.

  5. Започнете со конфигурација
    Притиснете на Connect за да ја започнете постапката за првата ставка.

  6. DNS вредности
    Ќе се појави popup прозор со потребните вредности за DNS записи. Користете го копчето Copy за да ги ископирате вредностите.

  7. Конфигурација на DNS записи кај вашиот регистратор
    Во контролниот панел за DNS, потребно е да додадете:

    • A запис кој покажува кон IP адресата дадена во popup-от (на пример: 167.111.11.11).

    • TXT запис со вредноста дадена во popup-от (на пример: 123123123123123).

    ⚠ Процесот за додавање записи може да се разликува во зависност од вашиот провајдер.

 

Совет: За побрза регистрација и управување, препорачуваме да користите Inhost.mk, нашиот доверлив партнер за домени и хостинг услуги.

 

 

Не најде одговори на твоето прашање?
Контактирајте нè