ShortURL ВОДИЧ
← Назад Најава Започнете

ShortURL · водич за корисници

Сè што ви треба за линкови што работат

Како да скратите линк, да измерите кликови, да направите био-страница и QR-код — и како да ги користите петте типови пренасочување.

Јавен водич   Ажурирано за shorturl.mk

Започнете

За пет минути имате прв краток линк, копиран и подготвен за споделување.

1

Направете профил

Одете на регистрација. Бесплатниот план е без кредитна картичка.

2

Залепете долг линк

По најава: лево Short ЛинковиСкрати URL. Ставете ја целната адреса и кликнете Скрати URL.

3

Дајте му име што се памети

Наместо случаен код, ставете сопствен алијас — на пр. shorturl.mk/leto26.

4

Изберете тип на пренасочување

На истата форма, полето Пренасочување. Стандардно е Директно. За реклама, заштита или контакти: Frame, Splash, Splash страница или CTA преклопување — објаснето подолу.

5

Споделете и следете

Копирајте го краткиот линк во објава, мејл, порака или QR. Кликовите се гледаат веднаш во аналитиката.

Вовед

ShortURL е македонска платформа за управување со линкови: кратки адреси, дигитални визит-картички (био страници) и динамички QR-кодови, со аналитика на секој клик. Целта не е „уште еден скратувач“. Целта е секоја кампања да биде мерлива — онлајн и офлајн.

ВремеЕден линк за сите канали. Сменете ја дестинацијата еднаш — постерот, биото и QR-кодот остануваат исти.
ПариГледате кои огласи, градови и уреди носат кликови. Престанувате да плаќате за кампањи што не работат.
ДовербаЛинк на shorturl.mk или на ваш домен изгледа професионално. Клиентот знае каде клика.

Ако досега сте праќале долги адреси во Вибер, сте печателе линк што никој не го пишува, или сте гледале само прикази без да знаете кој кликнал — ShortURL го затвора тој јаз.

Опции за пренасочување

Истиот краток линк може да испрати различни луѓе на различни страници. Ова не се посебни ставки во левото мени — се отвораат на формата на самиот линк.

Каде се прави Најава Контролна табла Short Линкови Скрати URL (или моливчето Уреди кај постоечки линк) Напредно

  1. Најавете се и од левото мени отворете Short Линкови.
  2. Кликнете Скрати URL (нов линк) или иконата за уредување кај линк што веќе го имате.
  3. Под целната адреса кликнете Напредно — тука се гео, уред, јазик, мета ознаки, параметри, длабоко поврзување и пиксели.
  4. Пополнете го правилото и зачувајте. Ако не ја гледате опцијата, пакетот не ја вклучува — видете Пакети.
Имињата во менито се токму така: Short Линкови, Напредно, ГЕО таргетирање, Таргетирање на уредот, Таргетирање на јазик, Мета ознаки, Параметри, Длабоко поврзување.

Гео таргетирање (земја и град)

Во панелот Short Линкови Скрати URL / Уреди Напредно ГЕО таргетирање

  1. Отворете го линкот како погоре.
  2. Во ГЕО таргетирање изберете земја (и град ако треба) и внесете ја другата целна адреса.
  3. Можете да додадете повеќе правила. Сите што не се совпаѓаат одат на главниот линк.

Што. За посетители од одредена земја или град — друга страница. Останатите одат на главниот линк.

Пример. Посетител од Скопје → локална понуда; посетител од Германија → англиска страница. Еден печатен QR, без десет различни линкови.

Таргетирање по уред

Во панелот Short Линкови Скрати URL / Уреди Напредно Таргетирање на уредот

  1. Истата форма на линкот → Напредно.
  2. Во Таргетирање на уредот изберете уред или систем (iPhone, Android, Windows…) и ставете ја адресата за тој уред.
  3. Ставете резервен линк за сите други уреди (обично вашиот веб-сајт).

Што. Различна дестинација за телефон, таблет или компјутер.

Пример. Ајфон → App Store, Андроид → Google Play, компјутер → веб-сајт. Не губите инсталации поради погрешна продавница.

Таргетирање по јазик

Во панелот Short Линкови Скрати URL / Уреди Напредно Таргетирање на јазик

  1. Истата форма → НапредноТаргетирање на јазик.
  2. Изберете јазик на прелистувачот (македонски, англиски, албански…) и целната страница за тој јазик.

Што. Според јазикот на прелистувачот се отвора соодветната страница.

Пример. Хотел, туризам, двојазичен сајт — посетителот не бара јазично мени, веднаш е на „неговиот“ јазик.

Редослед. Ако се преклопуваат правила: прво јазик, потоа уред, потоа гео. Пример: посетител од Скопје со англиски прелистувач ќе оди на англиската адреса, не на скопската, ако и двете правила се вклучени.

Мета ознаки

Во панелот Short Линкови Скрати URL / Уреди Напредно Мета ознаки

  1. Напредно → Мета ознаки.
  2. Внесете наслов, опис и качете слика (препорачано за директно пренасочување).
  3. Зачувајте, па залепете го линкот во Вибер/Фејсбук за да ја видите картичката. Ако се гледа стара слика, почекајте или освежете го кешот на мрежата.

Наслов, опис и слика што се гледаат кога линкот ќе се залепи на Фејсбук, Вибер, Линкедин. Кај директно пренасочување прилагодената слика се применува само ако сте качиле сопствена мета-слика. Кај другите типови се менува веднаш.

УТМ и параметри

Во панелот Short Линкови Скрати URL / Уреди Напредно Параметри

  1. Напредно → Параметри.
  2. Име на параметар (на пр. utm_source) и вредност (на пр. instagram). Додајте уште редови за кампања и медиум.
  3. Тие се лепат на долгиот линк при клик — Google Analytics и Meta ги читаат.

Динамичко пренесување: ако некој отвори shorturl.mk/leto26?ref=partner, ref=partner оди и на целната страница — корисно за партнерски програми.

https://shorturl.mk/leto26?utm_source=instagram&utm_campaign=prolet

Длабоко поврзување (апликации)

Во панелот Short Линкови Скрати URL / Уреди Напредно Длабоко поврзување + Таргетирање на уредот

  1. Напредно → Длабоко поврзување: главна (веб) адреса + линкови до продавниците.
  2. Потоа во Таргетирање на уредот ставете ја адресата на апликацијата за iPhone и Android, плус резервен веб-линк за други уреди. Без ова, длабокото поврзување не работи правилно.

На телефон, ако апликацијата е инсталирана, линкот ја отвора неа. Ако не е — оди во продавницата за инсталација.

Типови на пренасочување

Ова е најмоќниот дел од ShortURL. Не е само „скрати и испрати“. Изборот на тип одредува што гледа човекот пред да стигне на целта — дали веднаш, дали со ваша лента, дали со предупредување, дали со промоција или со форма за контакт.

Каде се избира типот Контролна табла Short Линкови Скрати URL / Уреди поле Пренасочување

  1. Отворете Short ЛинковиСкрати URL (или Уреди кај постоечки).
  2. Во паѓачкото поле Пренасочување изберете тип. Во панелот пишува: Директно, Frame, Splash, Splash страница (сопствена поздравна), или преклоп преку CTA преклопување.
  3. Директно / Frame / Splash се бираат само тука — нема посебна страница во менито.
  4. Splash страница и CTA преклопување прво се креираат во свои менија (лево), па се врзуваат за линкот. Инаку паѓачкото е празно.
Тип во водичотКако пишува во панелотКаде се прави
ДиректноДиректноСамо на линкот, поле Пренасочување
РамкаFrameСамо на линкот, поле Пренасочување
ПоздравнаSplashСамо на линкот, поле Пренасочување
Сопствена поздравнаSplash страницаПрво Сплеш страници, па на линкот
ПреклопCTA преклопувањеПрво CTA преклопување, па на линкот

1. Директно пренасочување

Како се вклучува Short Линкови Скрати URL / Уреди Пренасочување Директно

  1. Ова е стандард — ако ништо не менувате, линкот е директен.
  2. Залепете ја целната адреса, зачувајте, копирајте го краткиот линк.

Серверот веднаш испраќа на долгиот линк. Нема посредна страница, нема лента, нема чекање. Пребарувачите и апликациите ја читаат самата целна страница (наслов, слика), освен ако сте ставиле сопствена мета-слика.

Што
Класичен редирект. Корисникот кликнува shorturl.mk/akcija и веднаш е на вашата продавница, блог или форма.
Пример
СМС, мејл-потпис, социјални објави, копчиња на сајт — секоја „обична“ кампања каде што сакате најмалку триење.
Зошто
Најбрзо е. Најмалку луѓе откажуваат. Аналитиката на ShortURL сепак работи. Ако ви треба само краток линк + статистика — ова е типот.
Внимание
Ако на истиот линк ставите пиксел (Мета, Гугл), платформата мора кратко да прикаже посредна страница за пикселот да се активира — околу 2 секунди. Тоа не е поздравна страница што ја дизајнирате вие, туку техничка пауза. Пикселот се врзува: Напредно → Пиксели (прво креирајте го во менито Пиксели).

2. Рамка

Како се вклучува Short Линкови Скрати URL / Уреди Пренасочување Frame

  1. На формата на линкот отворете го полето Пренасочување.
  2. Изберете Frame (во панелот уште пишува англиски). Зачувајте.
  3. Отворете го краткиот линк во нов таб и проверете дали целта се гледа во рамката. Ако е празно — сајтот забранува рамки; вратете се на Директно или Splash.

Целната страница се вчитува внатре во ваша рамка. Горе останува лента со името на ShortURL / вашиот бренд, копчиња за споделување, затворање на рамката, и место за реклама ако е вклучено. Корисникот гледа туѓа содржина, но „обвивката“ е ваша.

Што
Маскирање / задржување: адресата во прелистувачот останува краткиот линк, а содржината е од друга страница.
Пример
Афилијат-продажба (не сакате клиентот веднаш да скокне на туѓ домен и да ве заборави). Преглед на партнерски сајт.
Зошто
Го држите брендот во горната лента. Можете да ставите реклама. Корисникот полесно се враќа кај вас.
Внимание
Многу сајтови (банки, Гугл, Фејсбук, некои продавници) забрануваат да се отворат во рамка. Тогаш ќе видите празна рамка. За тие цели користете Директно или Splash. Некои прелистувачи се построги на мобилен.

3. Поздравна страница

Како се вклучува Short Линкови Скрати URL / Уреди Пренасочување Splash

  1. На формата на линкот, поле ПренасочувањеSplash.
  2. Не треба да цртате страница — ова е вградениот сив преглед „одите кон…“.
  3. Ако сакате ваш дизајн (лого, понуда, бои), тоа не е ова — тоа е точка 4, Splash страница во левото мени.

Пред да оди на целта, корисникот гледа кратка посредна страница: преглед каде оди, можност да продолжи или да се врати. Ова е стандардната „заштитна“ пауза — не е ваша целосна лендинг страница.

Што
Меѓу-екран со информации за дестинацијата. Дава време да се реагира: „дали сакам да продолжам?“
Пример
Јавни линкови од непознати извори. Наставни / детски содржини. Кога целта е надворешна и сакате да бидете транспарентни.
Зошто
Доверба и заштита: човекот знае каде оди пред да стигне. Помалку жалби „ме однесе некаде“.
Внимание
Додава еден клик/секунда повеќе. За платени огласи често е подобро Директно + пиксел, освен ако свесно сакате оваа пауза.

4. Сопствена поздравна страница

Каде се креира (прво ова) Лево мени Сплеш страници Креирај Splash

Каде се врзува за линкот (потоа ова) Short Линкови Скрати URL / Уреди Пренасочување Splash страница изберете ја страницата што ја направивте

  1. Во левото мени отворете Сплеш страници (не Short Линкови). Ако ја нема ставката, пакетот не ја вклучува.
  2. Кликнете Креирај Splash. Ставете наслов, банер, лого, текст, бои. Зачувајте.
  3. Сега одете во Short Линкови → Скрати / Уреди → поле ПренасочувањеSplash страница и од листата изберете ја токму таа страница.
  4. Зачувајте го линкот и отворете го во нов таб — прво треба да ја видите вашата промоција, па целта.

Вие креирате промотивна страница и ја врзувате за краткиот линк. Посетителите прво ја гледаат вашата порака, потоа одат на целта. Ова не е стандардниот Splash преглед — ова е мини-кампања.

Што
Ваш дизајниран екран пред редирект: лого, понуда, одбројување, „продолжи кон продавница“.
Пример
Саемски QR на штанд (прво брендот, па каталогот). Лансирање производ. Сезонска акција.
Зошто
Го контролирате првиот впечаток. Ја менувате промоцијата без да го смените QR-кодот на печатениот материјал.
Внимание
Ако ја креирате страницата а не ја изберете на линкот — нема ефект. Ако на линкот изберете Splash страница а листата е празна — вратете се на чекор 1. Премиум можност во пакетите.

5. Преклоп

Каде се креира (прво ова) Лево мени CTA преклопување Креирај преклоп

Каде се врзува за линкот (потоа ова) Short Линкови Скрати URL / Уреди Пренасочување изберете го преклопот што го направивте

  1. Во левото мени отворете CTA преклопување (посебна ставка, не е во Напредно на линкот).
  2. Кликнете Креирај преклоп. Изберете тип: порака, контакт-форма или анкета. Пополнете текст, бои, позиција. Зачувајте.
  3. Одете во Short Линкови → Скрати / Уреди → поле Пренасочување и изберете го тој преклоп од листата.
  4. Тестирајте го краткиот линк. Ако целта блокира рамки (google.com, facebook.com…), преклопот нема да се види — сменете ја целта.

Целната страница се вчитува (слично како рамка, но без горната лента). Врз неа ShortURL вметнува виџет: скокачка порака, контакт-форма или анкета. Човекот е „на“ целта, но вие собирате реакција.

Што
Динамички слој: поп-ап со понуда, форма „оставете е-пошта“, гласање, порака за акција.
Пример
Лид-магнет врз блог или производ. Анкета по клик од оглас. Порака „10% ако се пријавите“ без да ја преправите целната страница.
Зошто
Ја користите туѓата или постоечката страница како фон, а вие ја ставате акцијата. Не чекате програмер да стави форма на сајтот.
Внимание
Како и рамката, некои сајтови блокираат вметнување. Не претерувајте со агресивни поп-апи. Ако менито CTA преклопување го немате, видете го пакетот.
Како да изберете брзо. Само статистика → Директно. Афилијат и бренд во лента → Frame. Јавен линк и претпазливост → Splash. Ваша кампања пред туѓ/долг линк → Сплеш страници + врзување. Треба е-пошта или глас врз страница → CTA преклопување + врзување.

Био страници

Една јавна страница со сите важни линкови — како што луѓето очекуваат од „линк во био“ на Инстаграм или Тикток. Теми, виџети, аналитика. Лимитот колку страници зависи од пакетот.

Каде се прави Лево мени Линк во био / Био страници нова страница

  1. Од контролната табла, лево отворете Линк во био (може да пишува и Био страници).
  2. Нова страница. Додадете блокови: линкови, мрежи, слика, контакт, заглавие.
  3. Изберете тема / бои во уредувачот.
  4. Ставете ја како стандардна за да се отвора преку вашиот профил, па зачувајте.

Стандардната био-страница се отвора на адреса од типот:

https://shorturl.mk/u/vashekorisnickoime

Ставете ја во биото на социјалните мрежи. Еден линк, многу одредишта, една аналитика.

QR кодови

Секој краток линк може да добие динамички QR: бои, лого, форма. Дестинацијата ја менувате во панелот — печатениот код останува ист. Скенирањата се бројат одделно од обичните кликови.

Каде се прави Лево мени QR кодови · или од Short Линкови икона QR кај линкот

  1. Прво скратете линк во Short Линкови (QR-от води кон тој линк).
  2. Отворете QR кодови во левото мени, или од листата на линкови кликнете ја QR-иконата.
  3. Стилизирајте бои / лого ако пакетот дозволува. Преземете PNG/SVG и печатете.
  4. Ако ја смените целта на линкот, кодот на постерот останува ист — не печатите повторно.

Пример. Мени во ресторан, пакет, постер, визитка, саемски штанд, излог. Офлајн светот нема „клик“ — QR-от е кликот.

Канали

Каналите се папки за линкови, QR-кодови и био-страници. Омилен канал се појавува во страничното мени за брз пристап.

Каде се прави Лево мени Канали / Мои канали

  1. Отворете Канали (или Мои канали) → креирајте канал со име (на пр. клиент или кампања).
  2. Вратете се во Short Линкови, штиклирајте линкови → иконата за пакет/кутија → изберете го каналот.
  3. За QR и био: од нивните екрани, истото мени со канали.
  4. Ако менито за доделување е празно, прво креирајте канал (чекор 1). Каналот не е јавен линк — тоа е организација за вас.

Пример. Агенција со десет клиенти, бренд со повеќе кампањи, тим што не сака сè да му е на една купа.

Кампањи и ротатор на линкови

Кампањата собира повеќе кратки линкови во група и дава еден заеднички линк за споделување, плус збирна статистика за целата група.

Каде се прави Лево мени Кампањи нова кампања · потоа Short Линкови селекција икона за кампања

  1. Отворете Кампањи → креирајте кампања (име, опционално ротатор).
  2. Одете во Short Линкови, штиклирајте линкови → иконата за кампања → изберете ја групата.
  3. Споделете го посебниот линк на кампањата (се гледа на страницата на кампањата), не секој линк одделно.

Листа на кампања

За јавна листа (изгледа како профил) потребно е: био-страница поставена како стандардна во Линк во био, и профилот да е јавен во Подесувања.

Ротатор

На страницата на кампањата вклучете ротатор: посетителите наизменично / случајно се испраќаат на различни кратки линкови во групата.

Пример. А/Б тест на две лендинг страници. Еден QR на постер, три различни страници зад него — гледате која победува без три кода.

Пиксели

Пикселите на рекламните платформи (Мета, Гугл огласи, Тикток, Линкедин, Менаџер на ознаки…) собираат податоци за тоа кој кликнал. Со ShortURL пикселот се пали при клик на краткиот линк — дури и ако целната страница не е ваша.

Каде се креира Лево мени Пиксели

Каде се врзува за линкот Short Линкови Скрати URL / Уреди Напредно Пиксели

  1. Отворете Пиксели → име + идентификатор од рекламната платформа (на пр. Meta Pixel ID). Зачувајте.
  2. Одете на линкот → НапредноПиксели → штиклирајте го пикселот.
  3. Без чекор 1, на линкот нема што да изберете. Поради пикселот, корисникот кратко чека (~2 секунди) пред целта — тоа е нормално.

Зошто. Оптимизирате огласи според вистински кликови на вашиот краток линк, не само според посети на сајт што можеби не го контролирате.

Верификација

Можете да поднесете документ за да добиете ознака на доверба. Потврдените профили имаат значка на био-страниците. Ако на платформата е вклучено рачно одобрување на линкови, потврдените корисници минуваат автоматски.

Каде се прави Подесувања Верификации

  1. Отворете Подесувања (икона на профил / запче, не Short Линкови).
  2. Најдете Верификации и поднесете документ.
  3. Администраторот прегледува. Статусот се гледа на биото кога е одобрено.

Пример. Јавни креатори, агенции, брендови што сакаат посетителите да знаат дека профилот е вистински.

Тимска функција

Поканете колеги да работат на истата сметка: исти линкови, био, QR, аналитика. Секој член може да има и сопствен профил и да преминува меѓу тимови (икона горе десно, покрај известувањата).

Каде се прави Лево мени Членови / Тим

  1. Отворете Членови (во некои екрани пишува Тим).
  2. Внесете е-пошта на колегата и штиклирајте дозволи (гледање, креирање, бришење — според пакетот).
  3. Испратете покана. Колегата ја прифаќа по мејл: ако нема профил се регистрира; ако има, се најавува и ја отвора поканата.

Членовите имаат само дозволите што сте ги штиклирале. Не му давајте бришење на стажант што само треба да копира линкови.

Превод

Каде се менува јазикот на панелот Горе десно икона глобус

Интерфејсот на ShortURL е на македонски и англиски. Јазикот го менувате од менито горе (глобус). Изборот се зачувува за следна посета.

Ова е јазикот на платформата (копчиња, менија). Одделно е таргетирањето по јазик на самиот краток линк — тоа ги праќа посетителите на различни целни страници според јазикот на нивниот прелистувач (види Опции за пренасочување: Напредно → Таргетирање на јазик).

Јавни страници што ги правите вие (био, содржина) ги пишувате на јазикот на публиката. Платформата не преведува автоматски го вашиот текст на биото.

Теми

Две нивоа, за да не се мешаат:

  • Изглед на контролната табла — светла или темна шема (иконата за тема горе). Тоа е за вас додека работите.
  • Тема на био-страницата — бои, распоред, стил што го гледа публиката. Ја бирате во Линк во био → уредувач → теми.

Не менувате програмски датотеки. Сè е од панелот. Ако нешто не се гледа веднаш, освежете ја страницата или проверете дали сте ја зачувале био-темата.

Повеќе домени

Платформата може да нуди повеќе кратки домени (на пр. shorturl.mk и друг бренд-домен што го дава ShortURL). При скратување избирате на кој домен да живее линкот.

Каде се избира на линкот Short Линкови Скрати URL поле Домен

Стандарден домен за сите нови линкови Подесувања стандарден домен

Пример. Сакате линкот да изгледа поинаку за Б2Б и за инфлуенсери, или пократок домен за СМС.

Сопствен домен

Наместо shorturl.mk/akcija користите go.vasafirma.mk/akcija. Секој клик го носи вашиот бренд.

Каде се прави Лево мени Домени / Брендиран домен

  1. Отворете Домени (достапно според пакет). Додајте го доменот или поддоменот.
  2. Кај регистрарот ставете го записот што ќе ви го покаже ShortURL — обично CNAME кон главниот домен или A-запис кон серверот.
  3. Почекајте пропагација (минути до неколку часа). Кога е во ред, ќе видите потврда.
  4. При скратување, во полето Домен изберете го вашиот домен.
Проверка. Откако DNS е поставен, на доменот треба да се појави порака дека доменот работи и може да се додаде на сметката. Ако гледате сосема друга страница, записот не покажува кон ShortURL.

Серверската страна (да го прифати вашиот домен) ја покрива ShortURL. Вие не инсталирате ништо — само DNS.

Програмски интерфејс

Каде се прави клучот Развивачи клучеви

Клучот го создавате во развивачи → клучеви. Го праќате како носител-токен. Целосниот опис е на таа страница. Примери (кодот е на англиски затоа што така зборуваат серверите):

curl --location --request POST 'https://shorturl.mk/api/url/add' \ --header 'Authorization: Bearer YOURAPIKEY' \ --header 'Content-Type: application/json' \ --data-raw '{ "url": "https://example.com/strana", "custom": "leto26" }'

Листа на линкови:

curl --location --request GET 'https://shorturl.mk/api/urls?limit=10&page=1&order=date' \ --header 'Authorization: Bearer YOURAPIKEY'
Не го ставајте клучот во јавен јаваскрипт на сајт. Користете го од сервер.

Следен чекор

Отворете бесплатен профил и скратете го првиот линк.

Започнете бесплатно Пакети

Прашања: контакт · ShortURL е производ на Процесин.